Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

Услови за користење

Deposit House Market Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.deposithousemarket.com

Користењето на оваа веб страница значи дека сте  запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

ДЕПОЗИТ ХАУС ДООЕЛ Битола

Адреса: Рокдајл бр. 8, Битола, 7000

Тел: 047/ 613-625

Email: office@deposithousemarket.com

WEB: www.deposithousemarket.com / www.dhm.mk

Шифра на дејност: 47.19 – Трговија на мало преку пошта и интернет

 

Купувачи

·         Регистрација на корисник е бесплатна и овозможува одредени предности, како што се: целосен увид на нарачките, следење на нарачки, преглед на претходни нарачки, креирање листа на желби, можност за ставање рецензии за купени производи, побрзо купување следен пат, зачувување на податоците потребни за нарачка итн. Купувачот не мора да е регистриран корисник за да направи нарачка на платформата, при што ги остава своите податоци кои се неопходни за успешна нарачка, односно достава на производот. Помош при купување: купувањата можат да се направат со помош на агентите на телефонските бореви: 075-354-429 / 075-354-428, како и преку опцијата за разговор на официјалните профили на Facebook и Instagram.

 

·         Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Општите услови и политиката за приватност.

 

·         Со оставање на e-mail адреса, потрошувачот дава согласност на e-mail адресата да му се достави спецификација на нарачката, потврда за купување за купените производи, како и други документи поврзани со нарачката.

 

·         Избор на производи - на почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на производите според категорија, со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Производите може да ги подредите според цената, како и најнови или најстари производи. Дополнителна опција за паметен избор е споредување производи, што ви овозможува детално да ги прегледате описот, цените на производите и да го направите вистинскиот избор.

 


 


 

·         Содржина на кошничка – со клик на иконата за кошничка овозможен е преглед на сите производи, во секој момент кои сакате да ги купите. Многу лесно можете да избришете производи од кошничка или да го зголемите нивниот број.

 

·         Нарачување на производи – кога сте подготвени да направите купување потребно е да кликнете на иконата кошничка или на копчето купи. Доколку сте регистрирани и веќе најавени вашите податоци ќе бидат веќе внесени, во спротивно треба да ги пополните вашите податоци.

 

·         Плаќање – може да биде online со картичка или кеш при достава. Кеш при достава: се плаќа на курирот веднаш по испорака на вашата пратка. Плаќање со картичка: Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем. На оваа страница потребно е да ги внесите следните податоци:

 

-          Име и презиме на носителот на картичка

-          Број на платежна картичка

-          Датум на важност на картичката

-          CVV2/CVC2 код

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Уни Банка/CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

 

·         Достава – курирот ја доставува пратката до одредена адреса на купувачот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Рокот на испорака е од 1 до 5 работни дена.

 

·         Враќање и замена на производи може да прочитате тука


Продавници


·         Секое правно лице има право да отвори продавница, и да продава нови и половни производи, дигитални производи и лиценци.

·         Зачленување и ставање неограничен број на производи е бесплатно.

·         Deposit House Market задржува процент на продаден производ. Процентот зависи од висината на цената на производот.

·         По одреден број на нарачки, од кои над 90% се успешни, продавницата се здобива со сертифицирана ознака којшто означува дека вашата продавница е доверлива.

·         За повеќе информации кликнете тука