Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

Испорака, плаќање и замена на производ

Понудата и цените на нашиот сајт се ажурираат на дневно ниво. Продавачот го задржува правото на промена на цената, ако не е поинаку наведено (во случај на акција и специјални попусти). Цените важат во моментот на креирање на нарачката и имаат дејство и валидност и за следниот период. Наведените цени важат само за купување преку Интернет продавницата и истите можат да се разликуваат од цените во малопродажните објекти.

Порачаните производи се испраќаат во рок од 3 до 5 работни денови од моментот на прием на нарачката. Во случај на голема заинтересираност и побарувачка на артикли кои се наоѓаат во Вашата кошничка, ако бараниот артикл не може да биде испорачан поради ограничената залиха од истиот, ќе бидете телефонски контактирани.

Пратките без оставени лични податоци и податоци за контакт (телефонски број или важечка
адреса) не се испорачуваат, бидејќи не се прифаќаат од службите за достава.

За пратки пратени во петок, испораката се врши следниот понеделник. Ако нарачката сте ја испратиле во петок, пратката ќе Ви ја испратиме од понеделник. Испораката на пратки се извршува преку Mex, Via Post или ЕLS. Трошокот на достава изнесува 150 денари. Испораката на производи се врши на територијата на Република Северна Македонија и Косово.

Кога Вашата нарачка ќе биде спакувана и предадена на курирската служба ќе добиете маил известување дека пратката е испратена. Курирската служба пратките ги испорачува на наведената адреса ден после превземање во период од 8-18 часот. На денот на испораката ќе добиете СМС известување и ќе Ве контактира курир од курирската служба.

Курирот двапати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку првиот пат испораката не биде успешна курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кои сте го оставиле при нарачувањата и со Вас ќе договори нов термин за испорака. Доколку ни тогаш испораката не биде успешна, пратката се враќа кај испраќачот и ние ќе Ве контактираме како би можеле да ја констатираме причината за враќањето и да договориме повторно испраќање.

При превземањето на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постои некое видно оштетување. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ.

Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно преземете ја пратката и потпишете му на
курирот.

Вашата нарачка можете да ја платите при превземање, или со платежна картичка при нарачка.

Плаќање при преземање подразбира плаќање во готово при преземање на пратката.

Доколку поседувате Visa, MasterCard или Maestro платежна картичка нарачката можете да ја платите онлајн. За онлајн плаќање автоматски ќе бидете префрлен на сајтот на УНИ банка на кој ги внесувате податоците од платежната картичка. Доколку се е во ред со трансакцијата, вие ќе бидете вратени на нашиот сајт со известување дека плаќањето е успешно. Доколку постоел некаков проблем со трансакцијата ќе бидете вратени на сајтот со известување за неуспешно плаќање, по што можете да се обидете повторно или да изберете друг начин на плаќање. Сите податоци се заштитени и видливи само на УНИ банка процесорот на картичка.

Замена на производ

За секој производ постои можност за замена во рок од 15 работни дена по купувањето на производот доколку од компанијата имаат достапни залихи од истиот. Замената се врши во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е спакуван во оригиналното пакување.

 

Постои можност за замена во случај производот да има соодветен квалитет, но да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси Купувачот.

 

Доколку производот нема квалитет или му е доставен грешен или оштетен производ на купувачот, истиот може веднаш да се замени при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси компанијата од која е нарачан.

 

Замената се врши при достава на новиот производ.

 

Враќање на производ

Постои можност за враќање на производот во рок од 15 дена по купувањето. Трошокот за поврат на производите е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е спакуван во оригиналното пакување. По враќањето на производот корисникот ги добива паричните средства назад.