Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

АЛКАЛОИД Black Up - Антипигментен крем SPF50 30ml

  • 2 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

11.81€

Product SKU: ALKA-237

Black Up Anti-Pigment Sunscreen Cream Black Up Anti-Pigment Sunscreen Cream со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови. Нијацинамидот – витамин Б3 – е ефикасно соединение за осветлување на кожата, кое дејствува така што го инхибира трансферот на меланозомите од меланоцитите во кератиноцитите, а екстрактот од алое вера има заштитен ефект од оштетување на кожата од УВ-зрачењето. Кремот е збогатен и со витамин Е, кој со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на функцијата на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци. Витаминот Е го стимулира процесот на заздравување и регенерација на кожата и влијае врз заштитата и одржувањето на природниот липиден баланс на кожата. Од друга страна, пак, Де-пантенолот – провитамин Б5, кој во организмот се претвора во пантотенска киселина или во витамин Б5, е познат како моќен хумектант кој продира сѐ до долните слоеви на кожата. Дерматолошки тестиран производ. Пакување: 30 мл

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment