Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

FITOFARM ANTIKOM Plus - Спреј 100ml

  • 3 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

3.56€

Product SKU: FIT-48

ANTIKOM производите – спреј за распрскување и roll-on гел, се наменети за заштита од бодежи на комарци и други инсекти. Производите според составот се природни антирепеленти -средства против комарци и други инсекти, кои не содржат активни состојки од хемиско потекло, бои, парфеми, алкохол и парабени. Затоа се безбедни за употреба кај возрасни и деца над 3 годишна возраст. Новата формула врз база на етерични масла од пеларгониум, рузмарин и лаванда ги прави ANTIKOM производите сигурни, ефикасни и погодни дури и за чувствителната детска кожа. Претставува идеална комбинација од масло на пеларгониум кое содржи природни етерични масла – гераниол и цитронела, препознатливи по одличните својства за одбивање на инсектите кои се надополнуваат со маслото од рузмарин и лаванда. Исто така, маслото од лаванда дава пријатен мирис и претставува природен парфем. Формулата е збогатена со алантоин и витамин Е, кои помагаат во заштита на кожата од алергиски реакции. ANTIKOM производите дејствуваат активно и ефикасно преку ноќта и во текот на денот, обезбедувајќи одлична заштита против најголем број видови комарци, а во случај кога е потребна подолготрајна заштита, постапката на нанесување на кожата може да се повтори.

Употреба:

Се нанесува со распрскување (спрејот) или размачкување (roll-on гелот) на непокриените делови од телото и на тенка облека. Само за надворешна употреба!

Напомена:

Не се нанесува на рани, изгореници или оштетена кожа. Во случај на контакт со очите, веднаш да се исплакне со вода.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment