Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

FITOFARM Рибино масло со јагода, 100ml

  • 2 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

4.85€

Product SKU: FIT-77

Дејство: Рибиното масло од црн дроб на бакалар е богат извор на витамини А и Д, како и на полинезаситени масни киселини. Витаминот А е структурна компонента на очниот пигмент родопсин и допринесува за одржување на нормален вид. Витаминот А придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и за нормален метаболизам на железото. Витаминот А придонесува и во одржување на нормалната состојба на кожата и мукозните мембрани, кои претставуват механичка бариера при одбраната на организмот. Витаминот Д допринесува за нормално искористување на калциумот и фосфорот во организмот. Преку оваа функција, витаминот Д допринесува за одржување на нормална функција на мускулите, за правилна минерализација на коските и забите и за одржување на нормална концентрација на калциум во крвта. Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата. Најчести деформации при недостаток на витаминот Д се рахитис кај децата и остеомалација кај возрасните. И во двата случаи доаѓа до губење на минералите од коските, што резултира со скелетни деформитети.

Употреба: Рибиното масло од црн дроб на бакалар се препорачува како додаток на исхраната за деца во фаза на растење и кај возрасни во случај на недостаток на витамините А и Д во исхраната, особено во пролет и зима.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment