Совршениот избор за одржување на убавината на кожата, функцијата на зглобовите и виталноста на телотоfd
- Говедски колаген тип 1, над 90% застапен во телото.
- Хидролизирани колагенски пептиди за сигурна апсорпција и ефикасност.
- Реномиран Француски бренд Peptan®.
- Дури 9 гр колаген по доза.
- Збогатен со витамин Ц, за оптимална синтеза на колагенот.
- Не содржи ГМО, глутен и соја.
- Брза и едноставна употреба, само еднаш на ден.
Колагенски Пептиди – Collagen Peptides содржи хидролизиран колаген од тип 1 од говедско потекло. Со процесот на хидролизирање се обезбедува разложување на многу комплексната колагенска молекула на кратки пептиди (кратки ланци кои содржат по 2 или 3 аминокиселини) кои немаат потреба од дополнителна дигестија во човечкото тело и се подготвени за апсорпција. Колагенот од тип 1 е еден од многуте видови колаген (над 28 различни вида) во човечкото тело. Тој е најзастапен и зафаќа над 90% од сите видови колаген и влегува во состав на кожата, косата, ноктите, коските, елементите на зглобовите (обвивката и лигаментите), обвивката на желудникот и цревата, обвивката на крвните садови и др. Се смета за најуниверзален вид на колаген и по својот аминокиселински состав телото може да го искористи и за обнова и на другите видови колаген.
Витамин Ц - неопходен е за повторна синтеза и со тоа и обнова на колагенот во човечкото тело, а дополнително како антиоксиданс помага и во спречување на оштетувањата на колагенот од страна на слободните радикали и оксидативните процеси предизвикани од сонцето и други штетни влијанија. Исто така, игра важна улога во заштитата од инфекции и одржување на имунитетот, заштитата од анемија и одржување на метаболизмот на железо и др.
Login To Comment