NOGRIPPIN сируп е комбиниран лек кој содржи 3 активни компоненти:
- Аналгетик и антипиретик – парацетамол
- Антихистаминик – хлорфенирамин малеат
- Антитусик – оксоламин цитрат кој делува на кашлицата со разредување на секретот
NOGRIPPIN сируп се употребува при:
- Покачена телесна температура
- Кашлица и болки во грлото
- Затнат нос и синуси
Начин на употреба: Препорачана дневна доза за деца меѓу 6и 12 години е 2.5- 5ml на секои 6-8 часа. Можете да земете максимум 4 одмерни лажички на ден.
Деца на возраст над 12 години и возрасни:1-2 одмерни лажички (5-10ml) одеднаш, на секои 6-8 часа. Можете да земете максимум 8 одмерни лажички на ден.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
Login To Comment