Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

PHILIPS Optichamber комора, супермоќен инхалатор

  • 2 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

28.4€

Product SKU: PHLPS-64

OptiChamber Diamond - Мини супермоќен инхалатор - претставува антистатичка комора наменета за правилна и целосна депозиција на лекот од спрејовите. Благодарение на OptiChamber Diamond содржината од спрејот навлегува длабоко во белите дробови и искористеноста на лекот е повеке од 80% што е не е случај доколку истите се користат без оваа помошна комора. Наменета е за сите возрасти. Може да се користи самостојно или со маска. Покрај комората дополнително се достапни маски кои ги има во три големини (S) - од 0-18 месеци, (M) - 18месеци - 5години и (L) за деца над 5 годишна возраст или возрасни лица. За бебиња препорачливо е OptiChamber Diamond секогаш да се користи со маската (0-18месеци). Не дозволувајте неправилното користење на спрејовите (Ventolin, Nasonex, Pulmicort, Foster итн.) со кое поголемиот дел од содржината се распрскува и лепи за лигавицата во устата односно не навлегува во белите дробови да не вроди со подобрување на Вашата здравствена состојба. Затоа секогаш користете ја препишаната терапија придружувана со специјано дизајнираната антистатичка комора OptiChamber Diamond. Инструкции за користење: Независно дали OptiChamber Diamond го користите самостојно или со маска секогаш настојувајте лицето кое ја прима терапијата да биде во исправена положба. Писката од спрејот се вметнува во задниот дел на Diamond комората. По притиснување на спрејот потребно е лицето да вдишува 5 -6 пати смирено и нормално при што белата валвува на врвот се подотвора. Доколку вдишувањето е преагресивно и пребрзо тогаш валвулата свири што е знак дека истото треба да се успори и нормализира. Постапката се повторува во зависност од препишаната терапија. После секое користење OptiChamber Diamond едноставно се расклопува на три дела и се мие со топла вода и благ сапун.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment