CGMS е систем за континуирано мерење и мониторинг на нивото на шеќер во крвта и е најнапредната метода за контрола и управување со дијабетесот во светот!
Истиот се состои од три компоненти - сензор со уред за апликација, предавател и приемник каде улогата на приемник може да ја врши секој смарт телефон.
Системот за континуирано следење на гликозата (CGMS) Ви овозможува:
- Информација за нивото на гликоза во крвта во секое време од денот
- Можност да ги извршувате Вашите секојдневни работни обврски како и да бидете физички активни, притоа во секој момент да имате информација за состојбата со нивото на гликоза;
- Бидете информирани за тоа како и дали одредена храна или лекарства делуваат на Вашето ниво на шеќер во крвта;
- Обезбедете мирен сон – системот веднаш ќе пријави и алармира доколку настанало отстапување на нивото на гликоза со цел брзо превземање на соодветни мерки;
- Минимизирање на ризикот од компликации поврзани со дијабетес: проблеми со очите, крвните садови и нервниот систем;
- Минимизирање на ризиците при бременост и можните компликации по плодот;
Сензор со уред за апликација - процесот на аплицирање на сензорот е брз и безболен.
Сензорот е безбедно прикачен на телото со посебен механизам.
По аплицирањето, под кожата останува само флексибилно контактно влакно долго 5 мм. Сензорот е водоотпорен и со истиот можете да се туширате па дури и да пливате. Еден сензор се користи точно 10 дена. Потоа истиот се отстранува и се заменува со нов.
Login To Comment