-
-
€
Fermental Forte со нов вид на пробиотски бактерии (Bacillus coagulans) од кои има дури 20 милијарди во една доза. Пакувањето е со многу практичен формат, содржи 10 кесички со прашок кој се раствора во устата, без додавање течност. Секоја доза на пробиотиците Fermental forte содржи 20 милијарди пробиотски бактерии (Bacillus coagulans), пребиотици (фруктоолигосахариди), екстракт од алое и витамини Б1, Б2, Б6 и Б12. Поради синергетското дејство на активните состојки, Fermental forte многу брзо доведува до регулација и рамнотежа на цревната флора, која често се нарушува со несоодветна исхрана, антибиотска терапија или поради нарушен имунитет. Алоето му дава на овој пробиотик дополнителни корисни својства бидејќи ја смирува цревната слузница, има антиинфламаторно дејство и помага во регулирањето на столицата. Витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. Fermental forte се препорачува за нарушувања на цревната микрофлора, за време и по употреба на антибиотици, за време на терапија со кандидијаза, за спречување на патничка дијареа, како и за мрзливи црева, варење и надуеност и за ублажување на алергиски реакции.
No Review Found.
Login To Comment