Нафагал содржи нафазолин кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите во носната слузница, го намалува протокот на крвта со што се намалува отокот на носната слузница и лачењето на секрет. На тој начин се намалува чувството на затнатост и се олеснува дишењето преку нос.
Кога се употребува Нафагал?
Се употребува при смптоматски третман на:
- Сите видови воспаленија на носната слузница (за отстранување на назална конгестија при настинка, акутен и хроничен ринитис, поленска кивавица)
- Риносинузитис
- Катарално воспаление на средното уво
- Крварење од носот
- Во припрема за ринолошки преглед
Пакување: 10 мл
Login To Comment