Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

LEKOLID таблети за терапија на ендометриоза x30

  • 2 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

28.32€

Product SKU: KENDI-10

Зошто Lekolid™?

Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите на ендометриоза

  •  Ублажува воспаление и болка
  •  Запира раст на ендометриумско ткиво
  •  Намалува можност од повторна појава на симптоми
Што е Lekolid™? Леколид™ е додаток на исхраната и е потполно природен производ, со патентирана активна технологија*, за терапија на ендометриоза. Компонентите на Lekolid™ дејствуваат синергистички на симптомите на болеста.

*ENDOBASP® технологијата на изработка на таблети обезбедува ефикасна и зголемена апсорпција, како и биорасположивост на супстанците кои нормално не се апсорбираат.

Кои се симптомите на ендометриоза?

Симптомите на ендометриоза варираат, така што некои жени немаат никакви симптоми, а кај други се јавуваат јасно изразени симптоми, иако отсуството или присуството на симптоми не укажува на степенот на развиеноста на ендометриозата. Симптомите вклучуваат:
  • Хронична болка во карлицата
  • Болни менструации (дисменореа)
  • Обилни менструации
  • Хронична физичка исцрпеност
  • Болка при сексуален однос
  • Болка за време на овулација
  • Болка при перисталтички движења на цревата (придвижување на храната во цревата) или за време на мокрење
  • Болка во грбот
  • Надуеност…
За кого е наменет Lekolid™? Lekolid™ е безбеден и ефикасен во намалување на инфламацијата на ектопичното ендометриумско ткиво кое се поврзува со болните симптоми на ендометриозата. Lekolid™ се препорачува кај:
  • пациентки кои не можат да користат NSAID (нестероидни антиинфламаторни лекови), стероидни лекови, андрогени или антиестрогени при компликации,
  • пациентки кои се подложени на аблациона хирургија, како што е лапароскопија или лапаротомија,
  • пациентки кои примале фармаколошка терапија.
Дејство

Дејството на Lekolid™ има троен ефект така што го запира растот на ендометриумското ткиво, ја ублажува болката и инфламацијата и го отстранува оксидативниот стрес.

Компонентите на Lekolid™ дејствуваат синергистички на симптомите на болеста. Активните супстанции куркумин и куркуминоиди дејствуваат така што го запираат растот и ширењето на ендометриумското ткиво. Исто така имаат и антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, значајно во контрола на болката и други симптоми на ендометриозата. Кверцетинот спаѓа во класата флавоноиди (органски соединенија од растително потекло), и како и куркуминоидите делува со запирање на растот на ендометриумското ткиво, антиинфламаторно и антиоксидантно. N-acetil-cistein (NAC) претставува форма на L-cistein (полуесенцијална аминокиселина) и познат е по своето антиоксидативно дејство. Доведува до значајно намалување на обемот на ендометриумските цисти.

Дозирање и употреба

Една таблета дневно со лажичка маслиново масло или за време на оброк за да се подобри апсорпцијата на активните состојки
Препорачан начин на употреба: 1 таблета дневно во циклус од 3 месеци.
По потреба може да се комбинира со други лекови: контрацептивни или хормони и лекови за терапија на болка. Може да се користи и по хируршка интервенција, со цел да се намали можноста од повторна појава на симптоми. Не се познати несакани дејства, нема интеракција со други лекови и нема ограничувања во употребата. Не содржи глутен, ниту лактоза.
Производот не е наменет за лица чувствителни на некоја од состојките на производот, бремени, доилки и деца помлади од 3 години, лица со опструкција на жолчни патишта и со камен во жолчка, како и лица на антикоагулантна терапија.
Состав
ЛЕКОЛИД™ 1 ТАБЛЕТА
Кверцетин 200 мг
Куркума 210 мг
   куркуминоиди 200 мг
N-acetilcistein 150 мг
Подетални информации за производот и клиничките докази прочитајте на Lekolid™ – Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите на ендометриоза.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment