Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

MENOAKTIV/60 капсули

  • Out Of Stock

  • 0 Review(s)

Price :

16.5€

Product SKU: MITV-05

Меноактив претставува природен екстракт од билката Cimicifuga и се користи за ублажување на непријатните симптоми како што се: топли бранови, надразливост, несоница, болки во телото, замор и сл.

Најважното тврдење – помага кај топлите бранови за време на менопауза

Билката цимицифуга е особено позната по нејзиното смирувачко и корисно дејство во поглед на симптомите на менопауза. Научните студии покажуваат дека одредени компоненти од билката се врзуваат со опиоидните рецептори во телото, со што се добива еден вид на аналгетски ефект. При менопауза, перименопауза и постменопаузниот период,  билката се смета дека ги намалува, односно ублажува непријатните симптоми. Поконкретно, оваа билка е проучувана во поглед на непријатните топли бранови каде покажала одлични резултати. Се смета дека таа може да го зголеми и подобри нивото на естроген во телото и на тој начин да помогне при менопаузниот период. Имено, топлите бранови се воглавно резултат на промена на нивоата на одредени хормони (главно естрогенот) и претставуваат најчест симптом на менопауза. Дури 80% од жените пријавиле дека имаат топли бранови. Ваквата состојба е проследена со повеќе помали симптоми: анксиозност, чувство на топлина, забрзан пулс, абнормално потење и сл. Една студија од 2010 година, покажала дека оваа билка ги намалила ноќните потења и топлите бранови кај испитаничките за дури 26%. Цимицифугата главно се користи за ублажување на симптомите на менопауза. Една студија која вклучила 80 жени во менопауза кои имале симптоми како топли бранови, надразливост и сл. – покажала дека суплементирањето со 20mg цимицифуга во период од 8 недели довело до значително ублажување на симптомите, во споредба со плацебо групата. Овој природен екстракт исто така помага и за останатите симптоми на менопауза:
  • Надразливост
  • Замор
  • Намалено расположение
  • Болки во телото
  • Несоница

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment