-
-
€
Реиши-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Ganoderma lucidum што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма таблети и прашок. Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Реиши (Ганодерма луцидум). Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 мг. Особено е важно што Реиши-МРЛ содржи и плод и мицелиум бидејќи двата дела од габата содржат многу хранливи состојки што пак придонесува за поцелосен потенцијален ефект. Состојки: Ganoderma lucidum (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна). Активна материја: 500мг во една таблета Реиши-МРЛ не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен. Погоден e и за вегетаријанци. Реиши-МРЛ е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана. Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, пред оброк. Во најстариот запис на ориенталната хербална медицина, Шен Нонг Бен Као Јинг, Реиши е рангирана највисоко во првата категорија на супериорни тревки. Несоменено една од најпочитуваните печурки на модерното време, Реиши се користи повеќе од 4000 години во традиционалната кинеска медицина. Народно, ја нарекуваат печурка на бесмртноста. Трите главни физиолошки активни состојки на Реиши се: полисахаридите, пептоглуканите и тритерпените. Полисахаридите имаат гликоза, ксилоза, маноза, галактоза, фукоза, бета-глукани, алфа-глукани, хитозан, итн. Пептогликаните кај Реиши се: протеоглукани, имуномодулаторна супстанца PGS, пептиди и F3. Кај Реиши има повеќе од 50 тритерпени, типични за оваа печурка. Меѓу нив се ганодермните киселини, луциденска киселина, ганодерали, ганодериоли. Други главни состојки на Реиши се: фосфор, магнезиум, калциум, германиум, протеини, металопротеази, D2, лектини, нуклеозиди, нуклеотиди, итн. НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза. ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА. Реиши-МРЛ не спречува, дијагностицира, третира или лечи болести. Производителот Mycology Research Laboratories (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.
No Review Found.
Login To Comment