Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

PROVEN Women брусница, 30 капсули

  • In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

13.27€

Product SKU: PROV-13

Поддршка на внатрешното женското здравје Здравите бактерии се потребни за поддршка на дигестивниот, но и урогениталниот тракт кај жените. Жените понекогаш се соочуваат со одредени здравствени проблеми, кои вклучуваат повторливи инфекции на уринарниот тракт (попознати како циститис). ProVen Probiotics Women’s Lactobacillus & Bifidus with Cranberry содржи ЛАБ4, најсеопфатната група на изучување на пријателски бактерии за било кој производ во Велика Британија, заедно со Lactobacillus gasseri, бактериски сој кој е составен дел од вагиналната флора. Овој производ исто така содржи екстракт од брусница и витамин Б6.

  • Користење на ексклузивни Lactobacillus пријателски бактерии
Lactobacillus се примарните бактерии во вагината кај здравата жена, а овој пробиотик содржи дури 3 такви типови на бактерии како што се: Lactobacillus acidophilus CUL60 и Lactobacillus acidophilus CUL21 кои се дел од групата Lab4 бактерии. Но, овој производ исто така содржи и Lactobacillus gasseri CUL09  кој е посебен тип на пријателска бактерија и е еден од најзначајните кај вагиналната флора.
  • Веќе е познато дека брусницата е корисна за лекување на инфекции на уринарниот тракт, но според едно ново истражување е корисна и за други делови од нашето тело, вклучувајќи го нашиот кардиоваскуларен систем, мозок и имунитетот
  • Истражувањето имало за цел да испита специфични состојки во брусницата кои би можеле да имаат влијание на целото тело, како што се полифенолите – антиоксиданси кои се поврзани со многу здравствени придобивки меѓу кои и подобра функција на бубрезите и срцето, како и подобра циркулација
  • Истражувачите откриле дека соединенијата на брусницата покажуваат потенцијал за зајакнување на микробиомот во стомакот, имунолошкиот систем и кардиоваскуларното здравје. Тие исто така откриле дека производите од брусница можат да помогнат во регулирање на нивото на крвен притисок, циркулација и масти во крвта
Пакување: 30 капсули Состав: 1 капсула содржи:
*ПДВ
Витамин Б6 1.4 мг 100%
Екстракт од брусница 100 мг
Еквивалентен на свежа брусница 3600 мг
Lab4 Consortium со Lactobacillus gasseri Lactobacillus acidophilus (CUL60) Lactobacillus acidophilus (CUL21) Bifidobacterium bifidum (CUL20) Bifidobacterium animalis subsp. Lactis (CUL34) Lactobacillus gasseri (CUL09) 17,5 милијарди живи бактерии /
*препорачано дневно внесување Состојки: микроорганизми (Lactobacillus acidophilus CUL60 & CUL21, Lactobacillus gasseri CUL09, Bifidobacterium animalis subsp. lactis CUL34, Bifidobacterium bifidum CUL20), микрокристална целулоза, вегетаријанска обвивка на капсулата (хидроксипропил метилцелулоза, боја-титаниум диоксид), екстракт од брусница (Vaccinium macrocarpon). Средство против стврднување (силициум диоксид, магнезиум стеарат, трикалциум фосфат), пченкарен малтодекстрин, магнезиум хидроксид, витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид). Совет при алергија: не содржи алергени. Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Бремените жени или жените кои планираат бременост да се консултираат со лекар пред да земат додатоци на исхраната. Да се чува на места недостапни за деца. Lab4 Consortium содржи живи бактерии. Гарантирана потентност со Triphase и Stability Max - уникатни системи на чување, кои гарантираат дека ќе земете толку корисни бактерии колку што е назначено на пакувањето. Употреба: за возрасни - една капсула на ден со оброк. Доколку е потребно, дозата може да се зголеми и на две капсули на ден - во одредени денови од месецот, може да имате потреба од поголема доза на додатоци на исхрана.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment