Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

URBAN NUTRITION Протеин од козјо млеко 500gr

  • 3 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

37.05€

Product SKU: URBN-1

Моќнит козји протеин е произведен од најквалитетно холандско козјо млеко. Млекото се собира од преку 100 холандски семејни фарми за кози од нашата партнерска компанија Ausnutria B.V. Holland Goat Milk B.V. Бидејќи свежото козјо млеко е основната состојка на нашиот производ, квалитетот е најважниот фактор при изборот добавувачи на козјо млеко. Козјото млеко преработено преку соодветен процес на дехидрација и обезмастување создаден од нашата партнерска компанија од Холандија е основата на нашиот продукт во кој е додаден 0,2% втора генерација на деароматизиран екстракт од стевија. Продуктот има сладок млечен вкус бидејки ја има задржано целовитата структура на протеинот од сурутка и казеин. Производот има тежина од 500 грама со 25 дози од козјиот млечен протеин. Бенефити при користење на протеинскиот прашок од козјо млеко Козјото млеко е најчесто користениот млечен продукт на светот, со исклучок на САД и Европа каде што е фаворизирано кравјото млеко. Сепак, доколку сакате поздрава алтернатива на кравјото млеко, козјото млеко е совршената опција. Содржи многу поголема количина на есенцијални хранливи материи во споредба со кравјото и растителните млека (како соино, бадемово, кокосово и други). Козјото млеко како и нашите моќни протеински прашоци од најквалитетно козјо млеко имаат бројни здравствени бенефити токму поради својот нутритивен состав, лесната сварливост и подносливост. 1. Добри се за кожата Козјото млеко содржи витамин А, за кој е докажано дека благопријатно дејствува врз кожата, правејќи ја посјајна и поздрава. Пробиотиците од козјото млеко дополнително придонесуваат за развој на нормалната кожна микрофлора, спречувајќи ги на тој начин акните и посериозните кожни инфекции. 2. Полесни се за дигестија Процентот на масти во козјото и кравјото млеко е сличен, но масните глобули во козјото млеко се помали во димензии, и со тоа се многу полесно преработливи од страна на нашето тело. Исто така, козјото млеко содржи помалку лактоза во споредба со кравјото, така што е подобро подносливо за лицата кои имаат лактозна интолеранција. Освен тоа, има студии кои докажале дека козјото млеко ја подобрува абсорпцијата на нутриенти, како што се железо, калциум, магнезиум и фосфор. 3. Зголемување на бројот на крвни плочки Присуството на селен во козјото млеко може да го зголеми бројот на крвните плочки (тромбоцити) кај состојби на тромбоцитопенија и дефицит на селен настанати после потешки инфекции. 4. Превенција на атеросклерозаАтеросклерозата ги зафаќа крвните садови кои носат кислород и нутриенти до и од ткивата, и е предуслов за развој на сериозни кардиоваскуларни компликации како срцев и мозочен удар. Козјото млеко содржи помала количина на ензимот ксантин оксидаза, кој учествува во создавањето на мочната киселина и има улога во создавањето на атеросклеротичните плаки во крвните садови 5. Намалување на нивото на холестерол Студиите покажале дека козјото млеко предизвикува зголемена билијарна секреција на холестерол и намалување на неговата концентрација во плазмата. Причината е тоа што козјото млеко содржи масни киселини со средно долг ланец (30-35% наспроти 15-20% кај кравјото млеко). Друг позитивен ефект е зголемувањето на нивото на добриот холестерол (ХДЛ) , и со тоа дополнително помага во одржување на здрав кадриоваскуларен систем, како и одржување на функцијата на црниот дроб. 6. Превенција на анемија Лицата со анемија треба да конзумираат козјо млеко и негови продукти. Козјото млеко е богато со железо, калциум, магнезиум и фосфор, кои нашето тело лесно ги апсорбира. Освен што може да го зголеми нивото на железо кај феродефицитната анемија, козјото млеко овозможува подобро искористување на железото, како и поттикнување на создавање на нови црвени крвни клетки (еритроцити). 7. Содржи помалку алергени Повеќето од оние кои се интолерантни на кравјо млеко, всушност се сензитивни на еден од протеините кои се наоѓаат во него (А1 казеинот) и не можат да го сварат. Освен тоа, кравјото млеко содржи и преку 20 алергени кои може да предизвикаат реакција кај некои лица, особено кај децата. За разлика од него, козјото млеко содржи исклучиво А2 казеин, и со тоа е најслично со мајчиното млеко. Затоа е далеку поподносливо за нашиот организам, а содржи далеку помалку алергени. 8. Превенција на остеопороза Калциумот, минерал кој го има во козјото млеко, е есенцијален за многу аспекти на нашето здравје, но особено е битен за одржување на здрави коски. Всушност, 99% од калциумот во нашето тело се наоѓа во нашите коски и заби. Калциумот ја зголемува коскената густина и спречува појава на болести на мускулноскетелниот систем, како што е остеопорозата. 9. Овозможува зголемување на мускулната маса Протеините од козјото млеко се идеални за здраво покачување на мускулната маса. Тие се лесно сварливи, што значи дека се лесно достапни за организмот и се покажале како доста корисни за здраво покачување на телесната маса кај неухранети деца, особено во зголемувањето на мускулната компонента. Кај здрави и физички активни лица, козјото млеко и протеинскиот прашок добиен од него се идеален додаток за здрава, избалансирана и енергетки и нутритивно богата исхрана.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment