-
-
€
Витамин Б1 Важен за метаболизам на јаглехидрати, обезбедува енергија за нормално функционирање на нервите и спроведување на нервни импулси. Недостаток на Б1 доведува до појава на периферна невропатија, атрофија или мускулна слабост. Витамин Б6 Го регулира метаболизмот на аминокиселини, липиди, сфинголипиди (основни состојки на миелинската обвивка на нервите) и невротрансмитерите (серотонин, адреналин), со што е одговорен за нормално функционирање на нервниот систем. Витамин Б12 Учествува во метаболизмот на нуклеински киселини, липиди, сфинголипиди и миелин. Покрај ова го помага и создавањето на хемоглобин.
No Review Found.
Login To Comment